Потребни состојки:
3 големи јајца
60 мл кокосово масло
120 јаворов сируп
1 ½ лажичка екстракт од бадем
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка јаболков оцет или лимонов сок
240 грама бадемово брашно
½ лажичка сода бикарбона
6 зрели сечкани смокви
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете го калапот за торта со хартија за печење. Ставете ги сите состојки освен смоквите во блендер и матете на силно. Смесата ќе биде многу густа. Во подготвениот калап сипете го тестото. Одозгора наредете ги смоквите, благо притискајќи ги во тестото. Ставете го колачот во претходно загреана рерна и печете 20-25 минути додека тестото не добие златно-кафена боја. Исклучете ја рерната, но оставете го колачот да седи внатре уште 10-15 минути. Оставете го колачот да се олади 30 минути пред да го извадите од калапот. Послужете го со свежи смокви и по желба додајте ореви или прелив од мед.