Брза летна манџа

Потребни состојки:

5 зелени пиперки
300 гр домати
3 јајца
100 гр сирење
малку масло за пржење
по желба магдонос

Начин на подготовка:

Исчистете ги пиперките од семето и исечкајте ги на коцки, ставете ги во тава на загреано масло да се пржат, а кога ќе ја променат бојата, додадете ги излупените и исечкани домати. Пржете додека парчињата домати не се растопат и додека не се згусни убаво нивната течност. Потоа додадете го сирењето искршено на парчиња и најодозгора ставете ги јајцата, искршени како за на око или изматени, по желба. Послужете ја манџата топла.

Scroll to Top