Потребни состојки:
3 јајца
10 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 лажица сол
200 мл јогурт
200 гр свежо сирење или фета/мелено месо или спанаќ
зачини по желба
Начин на подготовка:
Јајцата добро разматете ги со миксер па додајте јогурт, брашно, прашок за печиво, лажица сол и зачини по желба. Во смесатата додадете ги сирењето, меленото месо или спанаќот (по вкус) и ставете ја во помал плех. Печете околу 20 минути на 180 степени. Послужете ја топла со јогурт или павлака.