Брза пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

500 г готови кори
250 г спанаќ
300 г ситно сирење
2 чаши кисела павлака (од 180-200 г)
½ чаша масло
1 чаша масло
2 јајца (одвоени белки и жолчки)
сол
чиа семе
1 лажица гриз
*за мерење се користи чаша од 200 мл

Начин на подготовка:

Во поголем сад ставете две чаши кисела павлака (од 180 г), млеко, масло, белки, една лажица гриз и сол по вкус. Убаво промешајте за да се изедначи смесата. Во друг сад ставете го измиениот и исечкан спанаќ, малку посолен, па измешајте го со ситното сирење. Ако не е солено сирењето, посолете и измешајте со раце. Ставете една кора, нанесете од течниот фил, па ставете ја втората кора, повторно течен фил и трета кора. Врз третата кора ставете спанаќ со сирење и свиткајте како ролат. Готовите ролати редете ги во тепсија. Пред печење исечете ги ролатите на парчиња. Двете жолчки изматете ги со една лажица јогурт (или оставете малку од течниот фил) и премачкајте ја питата одозгора. Наросете со чиа семки или семки по ваша желба. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да заруменат. Кога ќе ја извадите питата, премачкајте ја одозгора со малку растопен путер и оставете да се излади.

Scroll to Top