Брза турска пита со спанаќ

400 мл кисело млеко
1 пециво
2 јајца
1 и 1/2 чаши брашно
1/2 чаша зејтин
100 гр рендано сирење
100 гр свеж сечен спанаќ
1 лажичка сол

Во еден сад го ставаме киселото млеко и пецивото и кратко со миксер матиме. Ги додаваме јајцата и пак матиме. Потоа ги додаваме сите останати состојки и пак кратко матиме.

Смесата ја сипуваме во плех на пек-хартија, наросуваме со сусам и печеме во загреана рерна на 180 степени 25 минути.
Брзо и лесно.
Чашите се  од 200 милилитри.

 

Scroll to Top