Чајни тркалца со џем, чоколадо и кокос

Колачи од чајни тркалца. Ова се превкусни и брзи колачи .

30 тина чајни тркалца
џем од сливи (или по желба, само да не е течен)
100 мл млако млеко
100 г квалитетно темно чоколадо
100 мл неутрална павлака за готвење
косос по потреба

Подготовка

Се лепат тркалцата од чајните колачи (било кој можете да ги купите) со џем и потоа се потопуваат во млако млеко. Се потоуваат набрзина. Немојте да ги потопувате долго време.
Се прави глазурата со топење на чоколадото со слатката павлака.
Се мака едната страна од колачите во чоколадо и веднаш во кокос.
Се оставаат во фрижидер да се залепат убаво.

 

Scroll to Top