Чизкејк со три состојки

Потребни состојки:

3 јајца
120 гр бело чоколадо
120 гр крем-сирење

Начин на подготовка:

Ставете ги јајцата во фрижидер добро да се изладат. Одвојте ги жолчките од белките. Загрејте ја рерната на 180 степени. На пареа истопете го белото чоколадо. Добро измешајте да добиете хомогена смеса. Во стопеното чоколадо додајте го кремсирот. Потоа додајте ги жолчките. Белките изматете ги додека не се стврднат и додајте ги во претходната смеса. Тестото истурете го калап намачкан со путер, а калапот ставете го во тепсија. Чизкејкот ќе биде воздушест ако во тепсијата ставите шолја врела вода – за време на печењето таа ќе испарува и ќе ја одржува влажноста. Печете околу 30 минути. Потоа оставете го да отстои уште околу 15 минути во исклучена рерна. Готовиот колач украсете го по желба и ставете го во фрижидер да се излади.

Scroll to Top