Чоколаден колач без печење

Потребни состојки:

  • 100 г шеќер
  • 3 лажици какао во прав
  • 3 лажици скроб (најдобро чоколаден)
  • 370 мл свежо млеко
  • 250 мл слатка павлака
  • 100 г млечно чоколадо
  • какао за украсување по желба
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло
Начин на подготовка:

Добро измешајте ги сите суви состојки – шеќерот, какаото и скробот. Во нив додајте млеко и кисела павлака. Исцедете ја смесата во тенџере и мешајте на умерена температура. Додајте го ситно исечканото чоколадо и мешајте додека смесата не се згусне. Не треба да зоврие. Во плех обложен со хартија за печење, сипете ја смесата и ставете ја во фрижидер 12 часа. По желба, наросете ја со какао. Ако сакате да ставите чоколадна глазура, прво нека се олади десертот неколку часа, па дури потоа прелејте со чоколадо за готвење што сте го стопиле со лажица масло, па вратете го колачот во фрижидер.

 

Scroll to Top