Чоколаден колач со мак

Потребни состојки:

3 јајца
200 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
150 мл јогурт
100 мл масло
1 кесичка прашок за печиво
150 гр брашно
150 гр мак
150 гр чоколадо за глазура
50 гр путер за глазура

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Во смесата додајте ги јогуртот, маслото, прашокот за пециво, а на крај и брашното. На крај ставете го и макот. Смесата ставете ја подмачкана тава обложена со хартија. Печете околу 30 минути на 200 степени. Во меѓувреме подгответе ја глазурата – во сад ставете ги чоколадото и путерот и стопете ги во миктробранова печка. Прелијте го колачот со чоколадото. Послужете го откако ќе остине.

 

Scroll to Top