Чоколаден колач со вкус на ментол

Потребни состојки:

за бисквитното тесто:
120 г масло
1 лажица масло
100 г шеќер
50 г кафеав шеќер
2 јајца
1 лажиче екстракт од ванила
1 прстофат сол
60 г брашно
50 г какао во прав

за зелениот слој:
50 г путер
120 г шеќер во прав
1/2 лажица вода
1/4 лажиче арома на ментол
3 капки зелена прехранбена боја

за чоколадниот прелив:
100 г темно чоколадо со ментол
35 г путер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 Целзиусови степени. Намастете ја со путер тавата (20 х 30 см) во која ќе го печете колачот. Во сад на рингла растопете го путерот и оставете да се излади и потоа убаво измешајте го со маслото и шеќерот. Додадете ги јајцата и екстрактот од ванила и мешајте неколку минуди да добиете хомогена смеса. Во смесата додадете ги брашното, какаото во прав и прстофат сол. Полека измешајте да се спојат состојките. Смесата истурете ја во намастената тава и ставете да се пече 20 минути во загреана рерна на 175 степени. Оставете да се излади на собна температура. Додека се пече тестото, сите состојки за зелениот слој ставете ги во еден подлабок сад и убаво изматете со електричен миксер. Оваа смеса рамномерно нанесете ја над изладеното тесто и ставете го во фрижидер. Растопете го чоколадото со путерот и оставете да се излади со повремено мешање за да не се фати коричка. Изладениот чоколаден прелив премачкајте го над зелениот слој. Одозгора украсете по желба, за овие празници украсете со мали елкички и бели снегулки од марципан. Повторно вратете го колачот во фрижидер убаво да се стегне. Пред да го послужите исечете го на правоаголници.

Scroll to Top