500 гр бисквити
300 мл шербет
100 гр маргарин
2/3 кафени лажички какао
100 гр мелени лешници
500 мл слатка павлака
300 гр црна чоколада
200гр бело чоколадо
500 гр бисквити ги мелеме, исто така мелеме 100 грама лешници.
Мешаме се заедно мелените бисквити, лешниците, маргаринот го додаваме и претходно изладениот шербет. Ги месиме заедно додека да добиеме хомогена смеса.
Во тестото ставаме и две три лажици какао.
На оган ја ставаме во тенџере слатката павлака и чоколадото и на тивок оган ја мешаме постепено, се до оној момент кога ќе почнат да се прават како меурчиња. Тогаш ја тргаме од оган и оставаме малку да се злади.
Овој пат слатката павлака ја делиме на два дела оти во едниот ставаме црно чоколадо, а во другиот бело чоколадо.
Претходно направената смеса ја ставаме во калап.
Најпрво го ставаме црниот фил, оставаме малку да се стегне, па го додаваме после тоа белиот фил. После ова оставаме да се стегнат двата фила убаво за да може да се сечат убави коцки.