Чоколадна торта со лешници

Потребни состојки:

570 грама шеќер
300 грама брашно
700 милилитри јогурт
1 прашок за печиво
120 милилитри масло
3 лажици какао
150 грама мелени лешници
100 грама чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки (освен чоколадото и лешниците) сè додека не се изедначи смесата, а потоа додајте ги лешниците. Во сад за печење посипете малку брашно, а потоа ставете ја смесата и печете на температура од 200 °C околу половина час. Кога тортата ќе се испече, подгответе ја глазурата. Растопете го чоколадото со малку масло и вода на тивок оган, а потоа прелијте ја тортата.

Scroll to Top