Чоколадни кoлачи со путер од кикиритки

Потребни состојки:

  • 150 грама путер
  • 350 грама шеќер
  • 200 грама путер од кикиритки
  • 150 грама интегрални бисквити
  • 100 грама чоколадо

Начин на подготовка:

Растопете 100 грама од путерот на тивок оган, и потоа тргнете го ринглата и додајте му го шеќерот. Измешајте, па додајте го путерот од кикиритки заедно со однапред смелените бисквити и мешајте додека не добиете кремава смеса. Остатокот од путерот исто така растопете го на тивок оган, но во него додајте го чоколадото. Почекајте и тоа да се растопи и соедини со путерот, па тргнете го од оган и прелијте го околу основата од путерот со кикирики. Ставете ја смесата во фрижидер и оставете ја отстои околу половина час, па исечкајте ја на мали коцки, и послужете.

Scroll to Top