Чоколадни мафини со малини

Потребни состојки:

1 јајце
130 гр. брашно
30 гр. какао
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лаж. сода бикарбона
180 мл млеко
50 мл зејтин
100 гр. чоколадо за готвење
малини (по 2 за секој мафин)

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите суви состојки и во нив додадете ги јајцето, млекото и зејтинот. Соединете ја смесата убаво, да не останат грутчиња од брашното. Во калапот за мафини ставете хартиени корпи, а во нив истурете од смесата до половина. Во секој мафин ставете рендано темно чоколадо, и по две малини. Потоа врз нив дотурете ја целата смеса. Печете околу 15 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.

Scroll to Top