Чоколадни мафини

Потребни состојки:

1 јајце
100 гр шеќер
100 гр маргарин
150мл млеко
1 лажица цимет
2 кесички ванила
200-250 гр брашно
50 гр ореви
50 гр лешници
50 гр брусница
200 гр растопено црно чоколадо

Начин на подготовка:

Изматете го маргаринот со шеќерот па додајте го јајцето. Мешајте за да ја изедначите смесата. Додадете ги ванилите и циметот, а потоа млекото и растопената чоколада. Брашното, добро просеано, помешајте го со пецивото па сипете го во смесата. Јаткастите плодови и брусницата додајте ги во смесата. Наполнете ги модлите, кои претходно сте ги премачкале со маргарин и брашно. Печете на 180 степени. Оставете да остинат, па извадете ги од калапот. Украсете ги со шеќер во прав или парчиња чоколадо.

Scroll to Top