Потребни состојки:
За топките:
100 гр бланширани кикиритки
100 гр ореви (или лешници)
50 гр мед
1лажица какао во прав
4 испасирани урми (свежи)
2 лажици кокосово масло
За чоколаден крем:
100 гр црно чоколадо
50 гр путер
две јајца
половина лажичка екстракт од ванила
прстофат морска сол
една лажичка цимет
Начин на подготовка:
Во машината, смелете ги кикиритките и лешниците. Можете да користите и други јаткасти плодови. Додадете мед, какао, масло и добро изблендирајте. Смесата мора да биде како тесто, густа и лесна за обликување. Од добиената мешавина направете топчиња, па можете да ги декорирате со бисквити или украси од марципан.
Во сад на пареа стопете го путерот и чоколадото и додајте трошка сол. Додека се топи, одвојте ги жолчките и белките. Белките посолете ги и изматете ги во шлаг. Во растопеното чоколадо со путер додајте ја жолчката и мешајте додека смесата не стане мазна. Потоа додајте го шлагот и полека мешајте на пареа за да добиете густа смеса. На крајот додајте ја аромата од ванила. Во чаша ставете од кремот, па додајте од топчињата. Послужете ги наросени со цимет.