Џем од модри сливи во рерна

Потребни состојки:

3 кг црни сливи
1 кг шеќер
150 мл рум
ванилин шеќер
цимет по желба

Начин на подготовка:

Сливите добро измијте ги и ставете ги врз кујнска крпа да се исушат. Пресечете ги на половина и отстранете им ги семките. Рерната загрејте ја на 200 степени. Сливите измешајте ги co шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа ставете ги во длабока тава co капак. Тавата поклопете ја co капакот и ставете ја на средина во рерната. Првите 30 минути нека биде поклопена, па промешајте ги сливите. Капакот отстранете го и оставете го џемот да се пече 2-2,5 часа. Повремено мешајте. Кога џемот ќе се згусне, додадете ги румот и циметот и печете уште 10 минуги. Готовиот џем од црни сливи извадете го од рерна и ставете го во топли стерилизирани тегли.

Scroll to Top