Домашен џем од јагоди

Потребни состојки:

3 кг јагоди
1,5 кг кристал шеќер
1 лимон

Подготовка:

Јагодите исчистете ги, измијте ги и исечкајте ги ситно. Третина од сечканите јагоди наредете на чинија, па одозгора ставете шеќер и повторувајте го процесот додека имате јагоди и шеќер.Оставете ги јагодите десетина минути за да пуштат сок. Таквата смеса префрлете ја во тенџере и почнете со варење. По половина час варење, додајте лимон. Кога ќе почне да врие, отстранувајте ја пената со лажица. Продолжете со варење до посакуваната густина.

Измијте ги теглите и ставете ги во рерна на 90 степени. Врелиот џем ставајте го во врелите тегли. Убаво затворете ги.

Scroll to Top