Состојки:
- 560 мл топла вода
- 10 гр квасец
- 10 гр шеќер
- 720 гр брашно
- 1 лажица сол
Подготивка: Измешајте квасец и шеќер во вода, па покријте ја смесата и оставете ја 15-ина минути. Додајте брашно и сол, па замесете тесто. Повторно покријте и оставете го тестото 45 минути. Потоа ставете го врз набрашнета површина, развлечете го со сукало, па исечете го 3 еднакви делови. Од секој дел направете леб и исечете го на неколку места. Секој од нив ставете го во кеса за печење, а потоа наредете ги во плех и печете ги на 180 Целзиусови степени 30-ина минути.