Сендвичи „Монте Кристо“ вкусни, крцкави и ароматични

Потребно е

6 поголеми кришки тост леб
4 парчиња шунка или пршута
12 лажици рендана гауда – околу 80 гр
6 лажички мајонез

За пржење

2 јајца
5 лажички млеко
прстофат сол
2 лажици путер

Подготовка на сендвичи

Ситно изрендајте го гауда сирењето. Исечете ја кората од 3 кришки тост леб, па сендвичот подобро ќе се соедини со јајцата и секое парче премачкајте го со 1 лажичка мајонез. Намачкајте го мајонезот со 2 лажици рендано сирење. Над кашкавалот ставете 1 кришка шунка, а третата кришка леб оставете ја настрана. Едната кришка леб со шунка префрлете ја на другата кришка да остане шунката на горната страна. Со рака или со кујнска табла притиснете ја шунката за слоевите да станат потенки и подобро да се залепат еден до друг. Потоа ги ставаме двете кришки леб заедно со третото парче кое го оставивме на страна. Повторно нежно притиснете ги сите три парчиња со дланка или дрвена табла. Повторете го процесот со другиот сендвич.

Во плиток сад изматете ги со вилушка јајцата, млекото и малку сол. Вклучете го шпоретот да се загрее на умерен оган. Во тавче ставете го путерот да се растопи и умерено да се загрее. Секој сендвич може да го испржите посебно со 1 лажица путер. Сендвичот потопете го во изматените јајца со млеко и превртете го така што секоја страна да биде покриена со јајца. Не киснете предолго за да не се накисне сендвичот. Сендвичот се става во тава со загреан путер и се пржи по неколку минути од секоја страна. За време на пржењето, свртете го сендвичот за да се испржи рамномерно. Не се пржи на висока температура, да не ни изгори сендвичот. Извадете го и ставете го сендвичот на хартија за да се впие маснотијата. Потоа пресечете го дијагонално. Добар апетит!

Scroll to Top