Домашен сок од кајсии

Потребни состојки:

1 кг кајсии
1 кг шеќер
сок од 1 поголем лимон

Начин на подготовка:

Кајсиите измијте ги, исчистете ги од семките, исечете ги на четвртинки и ставете ги во едно подлабоко тенџере. Сипете шеќер над кајсиите и оставете ги да отстојат преку ноќ. Следниот ден ставете ги на рингла да се варат на тивко, околу 20 минути, со повремено мешање. Тенџерето тргнете го на страна и оставете да се излади. Кога потполно ќе се излади додадете го сокот од лимон. Добиената смеса ставете ја во блендер и убаво сомелете ја во густа хомогена маса. Добиената смеса за сок поделете ја во мали кесички за замрзнување и ставете ги да се замрзнат. Вадете по едно кесиче од замрзнувач, ставете го во стаклен бокал и додадете вода или минерална вода во зависност од тоа колку сакате да биде сладок сокот. Може да додадете уште сок од лимон и коцки мраз по вкус.

Scroll to Top