Потребни состојки:
400 г кори за пита
150 г рендан кашкавал
150 г рендана шунка
2 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
2 лажици павлака
половина лажиче сол
1 пакетче прашок за пециво
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки за филот (освен кашкавалот и шунката). Отворете ги корите и врз секоја кора нанесувајте по 3 лажици од филот. Кога ќе стигнете до последната кора, намачкајте ја со фил и преку целата површина нанесете ги кашкавалот и шунката и замотајте ги корите во форма на ролат. Премачкајте ја питата со јајце и наросете сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути или додека убаво не порумени. Послужете ја топла.