Домашна рибина чорба

Потребни состојки:

3 главици кромид
1 мала шолја масло
1/2 чаша бело вино
1 чаша доматен сок
сол
црн пипер
малку оцет
сува лута пиперка
3 кесички зачин за рибина чорба
мали парчиња речна мешана риба, количина по желба

Начин на подготовка:

Кромидот исечкајте го ситно или сомелете го, ставете на масло, додајте чаша вода и динстајте додека не биде пенасто. Додајте зачин за рибина чорба и добро измешајте да нема грутки, потоа ставете вода и оставете да се готви. Кога ќе почне да врие, тргнете ја чобрата и додајте сол, малку црн пипер, доматен сок, бело вино, лута пиперка (цела) и малку оцет. Ставете ја чорбата повторно на оган и гответе додека не зоврие, па тргнете ја од шпорет.

Напомена: Чорбата не се меша за да не се распадне рибата.

Scroll to Top