Домашна вртена пита со зелка

Потребни состојки:

500 гр кори за пита
еден квасец (или пециво)
12 лажици брашно
300 мл кисела вода
150 мл масло за јадење
сол
кисела зелка (претходно пржена)

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги брашното, квасецот, маслото за јадење и киселата вода. Со оваа смеса премачкајте една по една кора кора, а потоа филувајте ја со филот од зелка. Првата кора завиткајте ја во круг (како баничка) и ставете ја на средина на претходно намастена тава за печење. Повторете ја постапката на сите кори, а останатите виткајте ги околу првата кора во тавата. Откако ќе ги потрошите сите кори, питата насечете ја на осминки, напрскајте ја со малку масло и кисела вода и ставете ја да се пече во загреана тава на 200 степени, околу половина час.

Scroll to Top