Потребни состојки:
2 банани
50 мл млеко
1 јајце
1 лажичка мед
100 гр овесни снегулки
1 лажичка цимет
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажица екстракт од ванила
прстофат сол
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Плехот за печење покријте го со хартија за печење. Изгмечете ги бананите и измешајте ги со млеко, изматените јајца, медот и екстрактот од ванила. Потоа додајте ги снегулките, циметот, прашокот за пециво и солта. Тестото со лажица распоредете го на хартијата за печење, а меѓу нив оставете простор од неколку сантиметри. Печете околу 15 минути, додека да се зацрвенат.
Одозгора можете да ги прелеете со мед или путер од кикирики, па да ги послужите.