Домашни кроасани со крем

Потребни состојки:

15 гр квасец
150 мл вода
30 гр шеќер
малку сол
250 гр брашно
180 гр путер
еурокрем

Начин на подготовка:

Замесите тесто од квасецот, водата, шеќерот, солта, брашното и путерот. На набрашнета површина замесете го тестото. Формирајте го во квадрат и замотајте во фолија. Оставете во фрижидер 15 минути. На хартија за печење ставете 130 гр путер. Формирајте го во квадрат 15х15 см и замотајте во хартија за печење. Оставете го 10 минути во фрижидер за да се стегне. Извадете го тестото. Расукајте до дебелина од 4мм. Со помош на калапот исечете триаголници. Расукајте го тестото, ставете лажица еурокрем, па мотајте со најширокиот крај кон најкраткиот. Премачкајте ги кроасаните со белка од јајце. Оставете ги 2 часа на собна температура. Повторно премачкајте ги со белка од јајце. Печете ги 15 минути во загреана рерна на 180 степени. Додека се топли, ставете чоколадни трошки одозгора.

Scroll to Top