Домашни млечни кифли

Потребни состојки:

800 гр брашно
500 мл млеко
12 лажици зејтин
3 лажици шеќер
1 лажичка сол
1 1/2 коцка квасец
За премачкување на кифлите жолчка и сусам

Начин на подготовка:

Од сите состојки замесуваме тесто и го оставаме да стаса. Од ова тесто правиме 32 топчиња и од секое топче правиме кифла. Кифлите се редат подмачкана тава, се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути додека да заруменат.

Scroll to Top