Домашни посни кифли

Потребни состојки:

400мл млака вода
1 лажичка шеќер
1 лажичка куркума
2 лажички сол
1 лажичка оцет
20гр свеж квасец
700-750гр брашно
10гр прашок за печиво

За премачкување:

100мл вода
1 лажица брашно
малку сол

Начин на подготовка:

Измешајте го квасецот со шеќерот и малку вода. Додајте ја куркумата, остатокот од водата и оцетот. Половина од брашното измешајте го со сол и прашок за печиво. Замесете тесто од двете смеси и додавајте ја останатата половина од брашното постепено. Тестото нека отстои 30 минути. Размесете го тестото, исечете триаголници и формирајте кифлички. Оставете ги да нараснат во тепсија, додека рерната се загрева на 200 степени. Сварете ја водата за премачкување и додајте го брашното со солта. Премачкајте ги додека водата е жешка, па печете околу 30 минути. Откако ќе се испечат покријте ги со крпа.

Scroll to Top