Домашни тулумби со гриз

Потребни состојки:

360 гр брашно
140 гр гриз
2 белки
1 ванилин шеќер
2 чашки павлака
малку екстракт од ванила
100 мл масло
1 прашок за пециво

За шербет:

800 гр шеќер
500 мл вода
неколку парчиња лимон
1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Шербетот направете го неколку часа порано, а може и дури и еден ден претходно, за да се спојат вкусовите. Павлаката истурете ја во длабока чинија, додадете ги белките и 100 мл масло. Матете со жица за матење, па ставете ги екстрактот од ванила и ванилиниот шеќер. Додадете го потоа гризот, па брашното измешано со прашок за пециво. Кога смесата ќе се изедначи, ставете ја во шприц за тулумби. Истиснувајте мали тулумби, пржете ги во длабок сад со масло на средна температура. Исцедете ги од маслото, па оставете ги во шербетот да впијат поголема количина.

Scroll to Top