Домашно костен пире

 

Потребни состојки:

400 гр варени и исчистени костени
70 гр шеќер
Малку рум
10 мл екстракт од ванила
200 мл слатка павлака
50 гр суви кајсии
50 гр мелени ореви

Подготовка:

Направете редок шербет од шеќерот, потоа додадете ги румот и ванилата. Измешајте и оставете да се олади.

Костените изблендирајте ги и постепено додавајте го шербетот. Оставете смесата да се олади. Изматете ја слатката павлака, а сувите кајсии исецкајте ги што поситно или измелете. Измешајте ги состојките.

Пирето сервирајте го во чинии за пудинг и украсете со мелените ореви и шлагот.

Scroll to Top