СОСТОЈКИ:
150 гр маргарин
200 гр чоколадо за готвење
2 лажици мед
200 гр шеќер
2 дл кока-кола
200 гр бисквити
150 гр сечени ореви
СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА:
парче маргарин
50 гр чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Калап во форма на триаголник се обложува со хартија.
Во тава на оган се става мешавина од кока-кола, шеќер, маргарин и чоколадо.
Откако ќе се стопат и соединат се додаваат искршените бисквити, оревите и медот.
Смесата се изедначува и се става во калапот за колачи, па се става глазурата што ќе ја направите со растопените маргарин и чоколадо, кои претходно сте ги расопиле на оган.
Откако ќе се олади, исечете триаголници и украсете ги по желба.