Германски божикен колач

Потребни состојки:

500 грама брашно
300 грама суво овошје (грозје, кајсии, урми, смокви, цреши)
100 грама јаткастки плодови (бадеми и ореви)
100 грама кандирани цитрусни овошја
300 грама путер
200 милилитри млеко
150 грама шеќер во прав
50 грама мед
50 милилитри бренди
1 супена лажица мешавина од зачини (ѓумбир, кардамом, каранфилче и ванила)
1 кесичка сув квасец
Прстофат сол

Начин на подготовка:

Исечкајте го на ситни парчиња сувото грозје и прелијте го со брендито и оставете го да отстои неколку часа. Загрејте го млекото и додајте 1-2 супени лажици брашно, мед и квасец и оставете го да отстои на топло. Останатото брашно просејте го, и додајте му сол и зачини. Во центарот направете вдлабнатина и внатре сипете го млекото заедно со квасецот. Исечкајте го путерот на коцкички и ставете го околу вдлабнатината. Месете додека не добиете мазно тесто, па постепено додавајте ги исечканите јатки и сувото овошје. Кога тестото ќе порасне дупло, уште еднаш премесете го. Обликувајте го како колачот на фотографијата и ставете го во тава претходно обложена со хартија за печење. Оставете да порасне уште 1 час, па ставете го во рерна загреана на 180 степени. Ако треба, покријте го со хартија за да не изгори додека се пече. Колачот премачкајте го со растопен путер, па наросете шеќер во прав. Послужете го откога ќе остине.

Scroll to Top