Потребни состојки:
Тесто:
250 гр интегрално пченично брашно
100 гр интегрално ржано брашно
70 гр путер
150 мл млака вода
1/2 лажичка
сол
Фил:
4-5 лажици доматен сос
6 тенки парчиња сланина
6 тенки парчиња печеница
1оо гр чедар кашкавал
Начин на подготовка:
Замесете средно-меко тесто. Расукајте тркалезна коричка. На средината направете 6 засеци. Околу премачкајте со доматен сос, наросете оригано по вкус и нарендајте го кашкавалот. Повлекувајте од надворешната кон внатрешната страна од тестото до средина и потоа преклопете со една внатрешна резанка (1/6). Повторете ја постапката за сите 6 дела најизменично. Секоја заедничка витка од кракот замотајте ја со сланина, а отворите пополнете ги печеница. Одозгора премачкајте со растопен путер. Печете на 200 степени, околу 20-25 минути.