Потребни состојки:
500 гр свежи кори
500 мл јогурт
4 јајца
1 лажичка сол
100 мл масло
100 мл кисела вода
1 рамна лажичка прашок за пециво
100 гр урда или младо сирење
Начин на подготовка:
Во правоаголно тавче подмачкано со масло, ставаме две кори за подлога на питата. Останатите кори ги виткаме како лепеза/хармоника и ги редиме една до друга во тавчето. Од останатите состојки подготвуваме течна смеса за прелив на корите. Сите состојки убаво се мешаат и со течноста прелеваме убаво низ корите. Со помош на вилушка, нежно поминуваме низ отворите на коричките за смесата убаво да навлезе до долу. Питата се пече на 200 степени, околу 20-25 мин, односно да зарумени и да испари течноста. Можете да ја послужите наросена со малку лута буковка и со чаша јогурт или ајран.