Ќофтиња од пилешко месо и тиквици

Потребно :

450 гр мелено пилешко месо, 1 јајце, 100 гр овесни снегулки, 250 гр рендани тиквици, 1 лажица сечкан лук, 6 лажици маслиново масло, сол и бибер.

Подготовка: Измешајте пилешко месо со јајце, овесни снегулки, рендани тиквици, лук. Посолете и побиберете, добро измешајте и обликувајте 12 ќофтиња со еднаква големин.

2.Загрејте масло во тава на умерена температура, додајте ќофтиња и пржете 15-20 минути. Повремено вртете ги. Послужете со сос од јогурт, малку лут зачин, магдонос и сечкан лук.

Scroll to Top