Ќофтиња од пилешко месо и тиквички

Потребни состојки:

450 гр мелено пилешко месо
1 јајце
100 гр овесни снегулки
250 гр рендани тиквички
1 лажица сечкан лук
6 лажици маслиново масло
сол, црн пипер

Начин на подготовка:

Измешајте го пилешко месо со јајце, овесни снегулки, рендани тиквички и лук. Посолете и побиберете, добро измешајте и обликувајте 12 ќофтиња со еднаква големина. Загрејте масло во тава на умерена температура и испржете ги со повремено вртење на двете страни. Послужете ги топли.

Scroll to Top