Ќофтиња во бел сос

Потребни состојки:

1 стоена кифла или кришка леб
2 главички кромид
500 г мелено месо
1 јајца
3 лажици капари
сол, црн пипер
500 мл јунешка супа (од коцка)
1 ловров лист
6 зрна црн пипер
2 лажици брашно
3 лажици путер
125 мл неутрална павлака
1 лажица сок од лимон
1/2 лажичка шеќер
1 жолчка

Начин на подготовка:

Кифлата издробете ја на парчиња и натопете во вода, убаво исцедете. Исечкајте ситно 1 главичка кромид па заедно со месото, малку капари, сол и црн пипер, 1 јајце и исцедената кифла убаво измесете. Формирајте 12 ќофтиња.
Исечкајте ја втората главичка кромид и ставете да проврие со супата, ловровиот лист и зрната црн пипер. Ставете ги ќофтињата и варете 12 минути. Извадете ги ќофтињата. Сокот од варењето исцедете го и сочувајте. На путерот пропржете го брашното, долијте ја павлаката и течност во која се вареле ќофтињата, со постојано мешање, варете 5 минути. Додајте 2 лажици ситно сечкани капари, сок од лимон, сол, црн пипер, шеќер, жолчка и убаво измешајте. Вратете ги ќофтињата и тргнете го садот од ринглата.

Scroll to Top