Ќофтиња во рерна

Потребни состојки:
2 јајца
75 мл вода
1 кромид
110-115 гр лебни трошки
100 гр рендан пармезан
2 парчиња лук
2 лажички сушен зачин
1 лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
900 гр мелено говедско месо

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад убаво измешајте ги јајцата, водата, кромидот, лебните трошки, пармезанот, лукот и сувиот зачин. Потоа додадете го месото па повторно промешајте додека не се соединат состојките. Потоа вадете парчиња од смесата и формирајте топчиња со саканата големина. Наредете ги во сад за печење обложен со хартија за печење и печете ги околу 15 до 18 минути. Послужете ги топли.

Scroll to Top