Ќофтиња во сос од домати

Потребни состојки:

500 г мелено месо
1 голема главица кромид
сол, црн пипер
½ лажичка мелен ким
½ лажичка мелен лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажица сечкан магдонос

За сос:
500 г доматен сос
1 чешне лук
1 лажичка црн пипер
1 лажичка коријандер
сол

Начин на подготовка:

Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да стане стаклест. Во длабока чинија ставете го меленото месо, додадете го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер. Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло. Ќофтињата извадете ги на чинија. Во истото масло пропржете ситно сечканиот лук, додадете коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва. Гответе десетина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути. Послужете ги топли.

Scroll to Top