Кокос коцки

Потребни состојки:

4 јајца
200 грама шеќер
200 грама брашно
5 лажици млеко
5 лажици масло
1 кесичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

Се матат јајцата и шеќерот, потоа се додаваат брашното и прашокот за пециви, и на крај млекото и маслото и сѐ заедно се меша додека не се добие рамномерна смеса. Се пече околу 25 минути на температура од 160 степени. Откако ќе се изладат се сечат на коцки. За преливот потребни ви се еден маргарин, 3 лажици какао, 100 грама чоколадо за готвење, 200 грама млеко и 200 грама кокосово брашно. Маргаринот се топи во загреаното млеко. Откако ќе се растопи се додаваат какаото и чоколадото. Смесата не треба да зоврие. Претходно исечените коцки се потопуваат во чоколадниот сируп и се валкаат во кокосово брашно. Се служат веднаш.

Scroll to Top