Кокосови топчиња во чоколадо

Потребни состојки:

200 гр кокос
4 лажици шеќер во прав
200 мл кондензирано млеко
1 лажица ванила-арома
250 мл млеко
1 пудинг од ванила
1 лажица шеќер
1 чоколада за готвење
2 лажици зејтин
50 гр бадеми

Начин на подготовка:

Прво во рерна малку ги потпекуваме бадемите сосема кратко и ги оставаме да се изладат. Во сад го ставаме кокосот (на страна оставаме 2-3 лажици за посипување). Го додаваме шеќерот во прав, ванила аромата и кондензираното млеко. Мешаме со лажица. Во мало тенџерче ставаме 200 мл млеко и го ставаме на оган. Во една чаша мешаме 1 пудинг од ванила, 1 лажица шеќер и 50 милитри млеко. Кога ќе зоврие млекото, се додава пудингот и млекото и се меша додека да згусне. Топлиот пудинг се става во садот со кокос и се меша. Од смесата се прават топчиња и се ставаат кратко во фрижидер. На пареа се топи чоколадата со 2 лажици зејтин. Во чоколадата се валкаат топчињата од кокос и се редат во сад обложен со хартија за печење. Секое топче се поросува со кокос и се декорира со по 1 бадем. Вака спремени топчињата се ставаат во фрижидер (за длабоко замрзнување) да отстојат барем половина час пред служење.

Scroll to Top