ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 г кокос
120 г брашно
120 г шеќер
1 лажичка прашок за печиво
4 поголеми јаболка, околу 700 г
3 лажици масло
ПОСТАПКА:
Во еден сад ставете 120 г кокос, 120 г шеќер, 120 г брашно и 1 лажичка прашок за печиво. Убаво промешајте за да се изедначат состојките.
Потоа измијте ги добро јаболката, излупете ги и исчистете ги од семките, па изрендајте ги.
Огноотпорниот сад или калапот во кој ќе го печете колачот намастете го со 2 лажици масло. Потоа ставајте ред сува смеса, ред рендани јаболка и се така по ред додека имате состојки.
Одозгора испрскајте со една лажица масло. Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.