Колач од морков и јаболка

Потребни состојки:

4 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
150 мл масло
250 г брашно
1 прашок за печиво
3 средни моркови
3 јаболка
1 лажичка цимет

Глазура:

200 г чоколадо
50 г маргарин
2 лажици масло

Начин на подготовка:

Прво измијте ги и излупете јаболката и морковите, а потоа изрендајте ги во еден сад. Во друг сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Потоа додадете масло, промешајте, а потоа брашното измешано со прашок за печиво и сето заедно добро соединете го со миксер. На крај во смесата додадете ги ренданите јаболка и моркови (кои сте ги исцедиле од вишокот сок), зачинете со цимет и добро соединете. Печете на 200 степени. Кога ќе биде готов, оставете го да остине и прелијте го со глазурата од чоколадо.

Scroll to Top