Колач со банани готов за 10 минути

Потребни состојки:

300 гр. бисквити
3 кеси ванила пудинг
9 лажици шеќер
1 л. млеко
200 гр. маргарин
4 лажици павлака
5 банани
200 мл. слатка павлака

Начин на подготовка:
Се кршат бисквитите. Пудинзите се разматуваат со 400 мл. млеко. Остатокот се става во шерпа да врие, со 9 лажици шеќер. Се става пудингот и се меша, да се згусне во млекото. Се додава потоа кога ќе се тргне од оган маргарин на парчиња, и се меша. Се додава и павлака и се меша. Се додаваат и ситно кршените бисквити. Се става пола смеса во плех, се ставаат лупени и сечени банани на должина, па другата половина фил горе. Се лади колачот и горе се украсува со банани и слатка павлака.

Scroll to Top