Колач со бисквити и јаболка без печење

Потребни состојки:

350 г бисквити
700 мл вода
400 г шеќер
4 пудинга од ванила
4 кесички ванилин шеќер
малку цимет (по вкус)
1 кг исчистени јаболка

Глазура:

3 штангли чоколадо за готвење
3 лажици масло

Начин на подготовка:

Јаболката излупете ги и исечете ги на коцки. Потоа ставете ги во длабоко тенџере, налијте 600 мл вода и додадете шеќер и ванилите, па варете околу 10 минути за малку да омекнат. За тоа време пудингот разматете го во 100 мл вода истурете го во јаболката. Непрекинато мешајте додека да добиете густ крем. Во кремот ставете малку цимет. Во мала правоаголна тепсија наредете бисквити, па преку нив излејте го филот уште додека е топол. Преку филот наредете повторно слој од бисквити.
За глазурата растопете го чоколадото заедно со маслото на тивок оган или на пареа. Прелијте ја глазурата преку колачот, па оставете го во фрижидер добро да се стегне. Потоа исечете коцки и послужете.

Scroll to Top