Потребни состојки:
1 шолја шеќер
2 1/2 шолји брашно
1 прашок за пециво
500 гр зрна грозје без семки
1/2 шолја масло (и уште една лажица)
4 јајца
180 мл јогурт
Начин на подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, па додавајте ги маслото, јајцата и јогуртот постепено. Мешајте со жица за тесто. Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартија за печење која сте ја намастиле со лажица масло. Излејте го тестото и одозгора наредете ги зрната грозје. Печете околу 40 минути. Посипете со шеќер во прав и послужете.