Колач со јаболка и мед

Состојки:

Две јајца

75 гр бел шеќер

75 гр кафеав шеќер

125 милилитри масло

225 гр мед

375 гр брашно

Две лажици прашок за пециво

Пола лажица сода бикарбона

Пола лажица цимет

Пола лажица мелен ѓумбир

¼ лажица мелено каранфилче

Три црвени јаболка

Лажица лимунов сок

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата со бел и кафеав шеќер додека да станат пенливи, па додајте масло и 200 гр мед.

Промешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, цимет, ѓумбир и каранфилче, па соединете ги со претходната мешавина и внимателно промешајте. На оваа смеса додајте и едно рендано јаболко и пак промешајте.

Сипете ја смесата во тава обложена со хартија за печење и рамномерно распоредете.

Преостанатите јаболка исечете ги на четвртини, па на кришки со дебелина од два-три милиметри. Полијте ги со лимунов сок за да не потемнат и наредете ги одозгора на колачот.

Печете околу 50 минути до еден час, додека колачот да добие златна боја. Покријте го со фолија и печете уште 15 минути.

Во помало тавче додајте го преостанатиот мед и загрејте го на тивок огин за да стане течен. Полијте го преку колачот и откако ќе се излади, послужете.

Scroll to Top