Потребни состојки:
450гр јагоди,
170гр шеќер,
3 јајца
170гр брашно
Начин на подготовка:
Најпрвин изматете ги трите јајца заедно со шеќерот. Околу две минути со миксер миксирајте додека не добиете крем смеса. Во истиот сад додадете го брашното и повторно на момент измиксирајте. На крај додадете ги измиените и исечканите јагоди. Смесата префрлете ја во тава која претходно ќе ја намачкате со путер или ќе ја обложите со хартија за печење. Во загреана рерна на 200 степени печете околу 30 минути.