Колач со карамел и круши

Потребни состојки:

3 јајца
200 гр + 100 гр шеќер
рендано чоколадо
100 гр гриз
100 гр брашно
1 прашок за пециво
50 мл масло
5 круши
малку маргарин
сечкани ореви
малку рум

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со 100 гр шеќер и додадете малку рендано чоколадо, гриз, брашно измешано со прашок за пециво, маслото и сето тоа добро измешајте го. Во помало тенџере стопете 200 гр шеќер со малку маргарин и добро изедначете. Плехот за печење обложете го со хартија и ставете го карамелот. Крушите исечете ги на половини, извадете ги семките и наредете ги со рамната страна на карамелот. Растурете од сечканите ореви. Врз крушите ставете го тестото. Печете 40 минути на 19 степени. Превртете го колачот со крушите нагоре. Посипете со шеќеро во кој сте ставиле рум.

Scroll to Top