Потребни состојки:
200 гр шеќер
200 мл слатка павлака
100 мл млеко
100 гр путер
170 гр брашно
130 гр кокос
5 јајца
Сок и рендана кора од еден лимон
Еден прашок за пециво
Начин на подготовка:
Растопете го путерот и изладете го. Измешајте ги брашното и кокосот со прашокот за пециво и изренданата кора од лимон. Изматете ги јајцата со шеќерот додадете го путерот, продолжете со матење, а потоа додадете ја смесата од брашно и кокос. Во оваа смеса додајте ја слатката павлака, млекото и сокот од лимон и добро измешајте. Подмачкајте со масло тава за печење, набрашнете и истурете го тестото. Печете 40 минути на 200 степени.